Македонската полиција запрела возач и веднаш го привела - МВР со детали

 

Еден час пред полноќ на пресекот на улицата „Магистрален пат“ со булеварот „Железничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Н.К.(36) од Кичево.

МВР информира дека при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „Рено“ без регистарски таблички, кое го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

 

06.03.2025 - 11:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега