Oвие суплементи можат да го оштетат вашиот црн дроб
Додатоците во исхраната често се промовираат како брзи решенија за подобро здравје, но не сите се подеднакво безбедни.
Некои содржат скриени состојки или, ако се земаат во прекумерни дози, може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми, од оштетување на бубрезите до зголемен ризик од срцеви заболувања.
Докторот Питер Брукнер објасни со кои додатоци во исхраната треба да бидете особено внимателни бидејќи тие можат да бидат потенцијално опасни. Имено, прекумерното внесување на железо може да доведе до дигестивни проблеми како запек, гадење и болки во стомакот, а со текот на времето може да доведе и до оштетување на црниот дроб.
Прекумерниот внес на железо може да доведе до состојба позната како преоптоварување со железо, што негативно влијае на црниот дроб и другите органи. Исто така, може да го наруши балансот на бактериите во цревата и да предизвика воспаление и дигестивни нарушувања“, вели д-р Брукнер.
Дополнително, омега-3 масните киселини се познати по нивните позитивни ефекти врз здравјето на срцето, когнитивната функција и намалување на воспалението. Нивното прекумерно внесување може да предизвика несакани ефекти, особено кај луѓето кои користат лекови за разредување на крвта.
Омега-3 масните киселини се корисни, но во големи дози може да го зголемат ризикот од крварење и да предизвикаат неправилно чукање на срцето. Тие исто така можат да предизвикаат дигестивни проблеми како надуеност и гасови“, објаснува д-р Брукнер.
Витаминот Д е клучен за здравјето на коските, а неговото прекумерно консумирање може да доведе до проблеми.
Ако се консумира во прекумерни количини, може да доведе до зголемено ниво на калциум во крвта, што може да биде штетно. Премногу калциум може да доведе до камења во бубрезите и да ја попречи апсорпцијата на други хранливи материи, што може да доведе до запек“, вели д-р Брукнер.
Иако овие додатоци во исхраната се корисни во умерени количини, нивното прекумерно внесување може да предизвика повеќе штета отколку добро. Затоа е важно да се внимава на дозата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа