Почина петмесечното бебе во Грција што таткото го заборави во автомобилот
Пет и пол месечно девојче почина во грчкиот град Арта откако три часа поминало во затворен автомобил.
Како што пренесуваат грчките медиуми, таткото од засега непознати причини го заборавил петмесечното девојче на задното седиште. Кога по три часа го забележал отсуството на детето, отишол до автомобилот и го нашол онесвестено.
Бебето веднаш било префрлено во болницата во Арта каде била констатирана смрт.
Телото на бебето е пренесено на обдукција.
10.05.2023 - 11:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа