Познати сите детали од тестаментот на Шинејд О’Конор: Еве на кого го оставила своето богатство
Шинејд О’Конор наводно им го оставила целиот имот вреден 1,7 милиони долари на своите деца, откриваат записите до кои дојде The Sun.
Сепак, по плаќањето на долгови, трошоците за погреб и правни такси, износот е намален на 1,4 милиони долари.
Друга нејзина последна желба, која пејачката ја нареди, е нејзините албуми да бидат објавени по нејзината смрт и „по дискреција на кое било од нејзините деца кога ќе наполнат 18 години“, за да можат да ја максимизираат нивната вредност.
Како што навела и во документот, О’Конор побарала да биде облечена во свештеничка облека во нејзиниот ковчег со хебрејска Библија и нејзиниот албум „Теологија“ до него.
Во документот, потпишан во 2013 година пред нејзиното преминување во ислам, стои: „Моите деца можат да ја фрлаат мојата пепел каде им одговара“.
Таа имала намера нејзиниот најмлад син, 18-годишниот Јешуа Бонадио, да ја наследи нејзината колекција гитари, а нејзиниот син Шејн, кој почина во 2022 година, да добие верски предмети.
Поранешниот сопруг на пејачката Џон Рејнолдс, со кого таа беше во брак од 1987 до 1991 година, е именуван за лице кое ќе управува со нејзиниот имот. Деталите за нејзиниот имот во Велика Британија се уште не се објавени.
Пејачката почина на 26 јули 2023 година, само 18 месеци по смртта на нејзиниот син Шејн. Таа имаше 56 години.
Полицијата ја пронашла во стан во Лондон, а причината за нејзината смрт била наведена како комбинација на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и астма.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа