СДСМ до власта: Пари за лекови немаат, авион ќе купувале - доста аздисувајте

 

Во државата нема лекови, власта вели дека нема пари за плати за работниците, нема пари за поголема минимална плата а запнала авион за функционерите да купува со пари на граѓаните, реагираат од СДСМ.

„Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за работниците и нема лекови- има само за луксузните патувања на владините функционери. Баш му е гајле на Мицкоски за животниот стандард на народот, за тоа што нема лекови на Онкологија. Ветувањата за скромност пред изборите ДПМНЕ ги замени со аздисаност и луксуз за функционерите. Мицкоски си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните“.

Ова, според нив, ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања.

СДСМ како што додаваат, е против и заедно со граѓаните ќе се спротивстави на овие расипнички и погрешни политики на ДПМНЕ.

23.01.2025 - 17:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега