Се самоуби една од најпознатите инфлуенсерки во Србија

 

Синоќа починала Кристина Ѓукиќ, српска гејмерка, јутуберка и инфлуенсерка. Таа имаше 21 година. Српските медиуми пишуваат дека се самоубила користејќи преголема доза на опијати.

„На наше големо жалење, морам да ве информирам дека Кика повеќе не е со нас. Би сакала да изразам сочувство до нејзиното семејство и сите луѓе кои ја сакаа и ја познаваа… Те сакам, Кико, засекогаш, почивај во мир“, напишала пријателката на Кристина на Инстаграм, инфлуенсерката Лаура Тешановиќ.
Медиумите во Србија пишуваат дека девојката подолг период била предмет на силен булинг на социјалните мрежи од страна на други лица кои се занимаваат со истата работа.

Од Кристина се простил и инфлуенсерот Милош Бајиќ, попознат како Милош ХД.

 

„Се што би сакал да кажам, а има многу, сега би било излишно. Почивај во мир душо, те сакам и нека те чуваат ангелите“, напишал Милош.

Кристина е родена во 2000. година во Белград, каде што завршила основно училиште. Се запишала во железничко средно училиште, но набрзо се префрлила на трговско.

 

 

Ја следеле 700.000 претплатници на YouTube и речиси 400.000 на Instagram. Покрај тематските видеа, таа објавувала и свои песни на Јутјуб. Песната наречена Climbing the Throne има над седум милиони прегледи.

 

09.12.2021 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега