Сибиха: Нема олеснување на санкциите додека продолжува руската агресија

 

Санкциите воведени кон Русија не можат да бидат олеснети се додека руската агресија продолжува, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на заедничката прес-конференција со неговиот норвешки колега Еспен Барт Ејде во Киев, пренесе Укринформ.

Сибиха информира дека за време на разговорите страните одделно го покренале прашањето за заострување на санкциите против Русија.

„Го делиме ставот дека притисокот врз агресорот треба да продолжи и да се зголеми. Москва ќе не доведува во заблуда, а не преговара, додека не почувствува вистинска сила – дипломатска, воена и санкции. Не може да има намалување на притисокот додека трае руската агресија“, рече Сибиха.

Тој додаде дека Русија претставува егзистенцијална закана за Европа и дека заштитата од неа е заедничка цел на Европејците и Украинците.

Шефот на дипломатијата истакна дека ја информирал норвешката страна за резултатите од разговорите во Саудиска Арабија.

„Украина докажа дека не е пречка за мирот. Сега Русија мора со конкретни акции, а не со манипулации да ја покаже својата вистинска желба да стави крај на војната. Во спротивно, притисокот врз Москва ќе мора да се зголеми“, нагласи Сибиха

26.03.2025 - 19:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега