Словенечки инфектолог: Наесен нѐ очекува катастрофа доколку не се вакцинираат повозрасните од 50 години

 

Словенечкиот инфектолог Бојана Беовиќ предупредува дека Словенија може да се соочи со епидемиска катастрофа наесен доколку во август не се вакцинира повозрасната популација, односно оние граѓани коишто имаат повеќе од 50 години, објави хрватскиот портал „Индекс“.

 

– Повеќе од една третина од граѓаните коишто ѝ припаѓаат на таа старосна граница(над 50 години) не се вакцинирани и важно е да ги заштитиме во текот на месец август бидејќи наесен ќе нѐ очекува катастрофа, болниците повторно ќе бидат полни со ковид-пациенти, предупредува Беовиќ.

 

Бројот на дневни инфекции во Словенија е во пораст, им рече таа на новинарите, додавајќи дека ова е очекувано со оглед на доминацијата на делта-сојот на коронавирусот.

– Делта-сојот бргу се шити и ќе зарази голем број луѓе коишто ги имаат оние предиспозиции да имаат тежок тек на болеста, но не се заштитени, вели Беовиќ.

Во седмицата од 18 до 25 јули, дури 98,1 отсто од сите позитивни резултати на коронавирусот во Словенија биле од делта-варијантата.

03.08.2021 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега