Советот на јавните обвинители утре ќе избира 47 обвинители
Избор на вкупно четириесет и седум обвинители во осумнаесет јавни обвинителства е на дневниот ред од 20. седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што ќе се одржи утре со почеток во 10:30 часот.
Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје.
Во Основните јавни обвинителства во Велес, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Радовиш, Ресен и Струга ќе се избира по еден јавен обвинител.
По двајца јавни обвинители ќе се избираат во Основните јавни обвинителства во Битола, Гевгелија, Гостивар, Кичево и Струмица.
Во Основните јавни обвинителства во Куманово, Охрид, Прилеп и Штип ќе се избираат по тројца јавни обвинители.
За Основното јавно обвинителство Тетово треба да бидат избрани четворица обвинители.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа