Српска актерка херојка на денот: го видела убиецот од тераса и почнала да вика
Младата српска актерка Аница Петровиќ, која живее и работи во Нови Сад, вчера од тераса видела маж со пиштол пред зградата и ги предупредила соседите да не излегуваат надвор. Таа се уште е во шок, бидејќи одлуката да се напие кафе пред да оди на солариум, каде што се случи убиството можеби ѝ го спасила животот, пишува Нова.рс.
Аница живее во зграда во близина на местото на страшното злосторство што се случи вчера, кога В.Р. (34) провали во козметички салон на улицата „Јована Суботиќ“ и ја застрела поранешната девојка (26), која починала на лице место, по што и тој се самоуби.
Слушнала истрел, но прво помислила дека е петарда. Меѓутоа, кога ги слушнала сирените на брзата помош и полицијата, повеќе немало дилема.
„Од терасата на мојот стан во тој момент здогледав човек со пиштол и ги молев соседите кои живеат во мојата зграда, а тие требаше да излезат од неа, да се вратат во нивниот стан бидејќи нешто се случува… – рече Аница.
Таа вели дека нејзиниот план тоа утро бил да оди во тој салон за да закаже термин за солариум.
„Решив прво да се напијам кафе, а потоа да се симнам долу, а потоа слушнав пукање. Се надевав дека се петарди, но се чувствував нелагодно, со сирените и се што се случуваше изминативе денови, не знаев дали тој некој е фатен или се уште се шета и пука во луѓе – вели Аница.
Соседите во зградата и се благодарни на младата актерка за предупредувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа