Таткото на Периш проговори за токсиколошките наоди на својот син: Никогаш, ама баш никогаш не би можел Матеј да го поврзам со дрога

 

Ненад Периш, таткото на Матеј Периш (27) којшто исчезна ноќта воочи Нова година во Белград, а беше најден мртов после пет месеци, откако биле објавени токсиколошките анализи изјавил дека наод не добил, но дека никогаш не би можел да замисли дека неговиот син користи наркотици.

Периш во својата тажна исповед за хрватски „Јутарњи лист“, опишал како се чувствува по објавувањето на резултатите.

„Мислам дека требаше да се почитува приватноста, а не тоа да го дознаам од медиумите. Тоа ми е малку чудно, а што треба јас сега да коментирам? Тоа што го кажав на почетокот ќе го повторам. Клучно е тоа што не биле вклучени камерите во „Готик“, па така не знаеш што се случило со него навистина.

И, тоа ќе остане тајна, и тука таа приказна замина со Матеј во гроб. Жал ми е што не добив службена информација за резултатите од обдукцијата. Иако, верувам дека колегите од Белград направиле сè по правилата од својата професија. И самиот сум хемичар и знам колку е тешко да се земат примероци и да се направи анализа и верувам во тоа што тие и белградската полиција го направија и уште еднаш им благодарам за тоа.

Се надевам дека постојат протоколи и дека мене тој наод ќе ми биде доставен. Би сакал да го видам тој наод и на кој начин е направена анализата, и тоа многу ме интересира“, изјавил Ненад Периш за „Јутарњи лист“.

Овој медиум потсетува дека информацијата за тоа дека Матеј користел наркотици за време на исчезнувањето, прв во јавноста ја изнел Вељко Мијаиловиќ, претседател на Синдикатот на полицијата од Србија, кога навел дека пријателите на Матеј и тој таа вечер консумирале наркотици.

Ненад Периш зборувал и за „Слободна Далмација“ каде навел дека неговиот син е спортист и дека имал уреден живот и дека никако не може да го поврзи со уживањето во опијати.

„Од Белград не добив никаков службен документ ниту пак се слушнав со некој. Никаков пишан документ ниту наод не сум добил, не можам да ги коментирам тие наоди. Искрено, не знам што да ви кажам поради тоа што пред себе немам никаква хартија која би можела да ја прочитам, а потоа да коментирам. Станува збор и за повеќе од сериозна работа за да коментирам на невидено“, изјавил Ненад Периш за „Слободна Далмација“.

Поради тоа што Матеј никогаш, според зборовите на неговиот татко, не уживал во никакви опијати, новинар од „Слободна Далмација“ го прашал Ненад дали овој токсиколошки наод му дал дополнителен сомнеж дека некој нешто му ставил на пијалакот на Матеј, а тој да не знаел.

 

22.06.2022 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега