Тешка сообраќајна несреќа кај Кавадарци: Се судрија два камиони
Вчера во 19.35 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско - Прилеп, во близина на с.Раец, кавадаречко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(36) од Богданци и товарно возило „волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(29) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
12.03.2025 - 11:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа