Трагедија во Белград: Малолетник тешко повреден - го удрило струен удар додека се фотографирал на воз

 


Момче (15) е тешко повредено откако на железничка станица во Белград го удрило струен удар.

„Телеграф“ пренесе дека момчето се качило на возот за да се фотографира.

Со него имало уште двајца 15-годишници кои биле сведоци на несреќата, но како што пишува „Телеграф“, тие не се качиле на вагоните.

Тинејџерот е во многу тешка состојба, се здобил со тешки изгореници по целото тело. Итно бил пренесен во болница и е на респиратор.

12.02.2025 - 11:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега