Уставен суд на Словенија: Не може да и се наложи на администрацијата да прими вакцина за на работа
Словенечкиот Уставен суд, вчера донесе пресуда според која владината одлука за задолжителното вакцинирање на државната администрација не e согласна со Уставот.
Според одлуката на Владата, вакцинацијата беше задолжителна за административните работници и без неа тие не можеа да одат на работното место. Алтернативата вклучуваше и доказ за прележаност на вирусот.
Одлуката беше донесена од владата на Јанез Јанша во септември, но не стапи на сила бидејќи синдикатите побараа од Уставниот суд да ја провери уставноста на одлуката.
Во пресудата, уставните судии навеле дека таканаречениот „ПЦ услов“ за доаѓање на работа, што „значи само вакцинирани и болни“, всушност е еднаков на воведување задолжителна вакцинација за вработените и дека такво нешто не може да биде пропишано со подзаконски акти или владини одлуки. Во овој случај работата треба да се реши со измена на државниот акт за заразни болести.
Македонската влада го одложи усвојувањето на сличен предлог на Комисијата за заразни болести. Во нашиот случај, здравствените власти предлагаа администрацијата да доаѓа на работа само со потврда за најмалку една доза вакцина или негативен ПЦР тест направен истата недела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа