Утре вонредни локални избори во северно Косово, Вучиќ вели дека следува окупација, а ЕУ повикува на воздржаност

 

 

Европската унија (ЕУ) оцени дека одржување на мирни избори на северот на Косово е од суштинско значење и ги повикува сите страни на воздржаност, соопшти портпаролот на Унијата, Петер Стано, пред утрешните вонредни избори во четири општини на северот на Косово.

Изборите се одржуваат, откако градоначалниците на српската листа во Лепосавиќ, Зубин Поток, Северна Митровица и Звечан, лани во неоември поднесоа оставки во знак на протест по одлуката на косовската влада за замена на српските, со косовски регистарски таблички.

Изборите ги бојкотира најголемиот политички субјект на косовските Срби, Српска листа со објаснување дека изборите се недемократски. Српска листа повика на бојкот на утрешните избори, што според нив, ќе биде јасна порака за Приштина и за меѓународната заедница.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи уверува дека косовските институции прават сè за овие избори да бидат слободни и фер. Таа рече дека безбедноста на граѓаните е загарантирана и ги повика да гласаат на локалните избори.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, изјави дека Србите на Косово се наоѓаат во тешка ситуација, поради тоа што нема да учествуваат на утрешните избори и дека по формирањето на новите локални власти ќе следи целосна окупација.

22.04.2023 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега