(ВИДЕО) Трагедија во Турција: Камион падна од надвозник, три жртви и 22 повредени

 


Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени кога камион удри во три возила, а потоа падна од надвозник во градот Шанлиурфа.

При падот, камионот повлекол и автомобил, во кој претходно удрил, јави ТРТ.

Во областа се испратени голем број амбулантни возила, пожарникари и полициски екипи.

На социјалните мрежи се појавија ужасни снимки на кои се гледа како возилата паѓаат од надвозникот.

03.02.2025 - 10:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега