Вучиќ: Избројавме 2.629 негативни текстови за Србија, никој не се извини

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ по самитот на Европската Унија и Западен Балкан ги коментираше европските медиуми.

„Моите луѓе собраа податоци за 2.629 написи во европските медиуми против Србија по руската инвазија. Написите беа за српска закана за целиот регион на Западен Балкан, суверенитетот на Босна, таканареченото Косово. И ништо не се случи.“ – рече Вучиќ на конференцијата.

„Дали некогаш сте виделе извинување од овие медиуми за овие чисти лаги?“ заклучи Вучиќ.

Тој изјави и дека по самитот бил притиснат поради руската агресија врз Украина. Вучиќ заклучил дека негова единствена обврска е да постапува во согласност со интересите на Србија. „Не сум тука да ја оправдам својата позиција“, рече Вучиќ, а пренесува Н1.

 

23.06.2022 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега