Го ограбиле додека си одел од диско: Останал без јакна и патики

 

Денеска во СВР Скопје, 54-годишната Љ.П. пријавила дека нејзиниот малолетен син бил ограбен од непознати лица во периодот од 01.30 до 04.20 часот откако излегувал од ноќен клуб на подрачјето на Центар.

„На малолетникот му биле одземени патиките и јакната. Според пријавеното, тој бил однесен во Комплексот клини „Мајка Тереза“ каде му била укажана помош. Се работи на расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

10.02.2025 - 17:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега