Малолетник од ноќен клуб заврши на клиника во Скопје
Денеска во СВР Скопје, Љ.П.(54) од Скопје пријавила дека на 09.02.2025 во периодот од 01.30 до 04.20 часот, откако нејзиниот малолетен син излегол од ноќен клуб на подрачјето на Центар, му биле одземени патики и јакна.
Според пријавеното, тој бил однесен во Комплексот клини „Мајка Тереза“ каде му била укажана помош.
Се работи на расчистување на случајот.
10.02.2025 - 16:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа