"Жал ми е што вака станав чичкото на Фросина - Загина за освестување на Македонија"

 

Чичкото на младата Фросина Кулакова од Неготино, која трагично го загуби животот кога на неа налета возач на пешачки премин на Партизанска и ја усмрти, напиша трогателен статус на социјалните мрежи за неговата прерано почината внука.

- После тие изложбите, тие ревиите што ги организираа од факултетот, на Фросина ѝ викав: Кога ќе станиш познат дизајнер, јас ќе бидам “чичкото на Фросина”. Она се смееше на тоа, онака, слатко и заразно, како што таа единствено можеше. Сега ми е жал што на ваков трагичен начин станав “чичкото на Фросина”, напиша Андреа Кулаков на својот Фејсбук профил.

- Сите се револтирани, оти контрастот е голем. На една страна имаме омилена девојка, која шири ентузијазам насекаде кај што ќе се појави и си има талент што го развива. Наспроти неа имаме деликвент и нарко-дилер, кој повеќе години возел и без возачка дозвола и пијан и правел повеќе прекршоци и кривични дела.
Сега сме сите потресени и згрозени, бидејќи сите се поистоветуваме преку настанот со Фросина. Младите директно со неа, постарите преку своите ќерки, или општо преку своите деца и внуци. Се плашиме дека секој може да биде следен. Фросина е случајна жртва, но таа не загина случајно. Низа пропусти во општеството доведоа до оваа трагедија. Полицајците 15 пати го фаќале убиецот, ама што фајде кога судиите секој пат го ослободувале. Не можиме ние толку полицајци да ставиме до секој криминалец, колку што можат судиите да ги ослободат, додава додава нејзиниот чичко.
 
Пред 80 години, нашиот дедо Фемо Кулаков загинал, на свои 19 години, за ослободување на Македонија. Сега Фросина Кулакова, на 22 години, загина за освестување на Македонија. Вечна ѝ слава!, го завршува постот чичкото на Фросина.
 

Младата Фросина Кулакова од Неготино прерано го загуби животот кога на неа налета возач и ја прегази на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди.

22-годишната млада девојка беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20-годишниот возач Васил Jованов.

10.02.2025 - 07:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега