Тони Зен: Го оправдувам Кили и застанувам на негова страна!

 

Познатиот македонски рапер Тони Зен во интервју за порталот concept. mintsquare, си ја отвори душата и зборуваше за својата кариера, новиот албум, како и за актерот Кили кој неодамна заврши во затвор поради производство на марихуана.

На прашањето дека во една своја песна, Тони Зен го споменува Кили и вели дека има добра роба, раперот одговара: -  Да, баш и ми спомнаа сега, кога му се случи тоа на Кили. Го оправдувам, го бранам, застанувам на страната на Кили апсолутно. Меѓутоа тие работи се случија поодамна, таа песна е напишана 2006 година. Ние сите си знаеме Кили каков е, нема тука што да се правдам или да кријам, тоа се едноставно метафори и афоризми кои што ние хип-хоп артистите постојано ги користиме, спомнуваме други ликови кои асоцираат на тоа и не значи дека тој стварно имал добра роба или дека бил дилер. Не, тоа се случува сега, во моментот кога човекот си создава билка, пробува да си направи лек за да се излечи. Кај нас пристапот е многу конзервативен, особено кај оние што треба да одлучат дали тоа треба да биде легално или не.

Исто така, раперот вели дека тој е за легализација на марихуаната и дека има многу бенефиции од канабисот што на нас не ни се јасни и многу погрешно се гледа околу таа работи.

04.12.2013 - 11:10
Фото: 
Журнал.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега