Претставник на Белата куќа: Нема смисла Зеленски да го посети Вашингтон
Неименуван претставник на Белата куќа денеска изрази сомневање за соодветноста на поканата до украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне со неговиот американски колега Доналд Трамп, со оглед на неговите коментари дека не е финализиран договорот за ретките минерали.
-Ако украинскиот лидер изјавува дека не е финализиран договорот, не гледам зошто поканата би имала смисла. Неговото пристигнување се очекува да биде потврда на конечниот став (за договорот за минерали), но тој сè уште не го формулирал својот конечен став за новата верзија на текстот, истакна неименуваниот претставник на Белата куќа.
Зеленски денеска изјави дека е постигнат „прелиминарен договор“ со САД за минералите.
Трамп вчера изјави дека е информиран оти Зеленски в петок ќе пристигне во Белата куќа и се очекува да го потпише договорот за минералите. Сепак, тој не спомна дека Зеленски е официјално поканет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа