УХМР со лоши вести за претстојниот викенд

Времето утре претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла, соопшти УХМР.
Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува.
Во петок и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.
26.02.2025 - 18:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа