Осомничените за убиството на Данка остануваат во притвор уште 30 дена
Вишиот суд во Заечар им го продолжи притворот за нови 30 дена на Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ. Адвокатите на осомничените побарале укинување на притворот, но судот ги одбил, пишува Блиц.
Тој суд треба повторно да донесе одлука за обвинението против Драгијевиќ и Јанковиќ откако судот во Ниш неодамна го укина решението со кое се потврдува обвинението и го врати на првостепениот суд на повторно одлучување.
Данка Илиќ исчезна на 26 март минатата година, а нејзиното тело се уште не е пронајдено. Во обвинението Јанковиќ и Драгијевиќ се товарат за кривично дело тешко убиство.
Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан, е осомничен за кривично дело помагање на сторител на кривично дело и непријавување кривично дело. Го обвинуваат дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.
Паралелно со истрагата за убиството на Данка, се води истрага и за претепувањето на Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот Дејан, кој почина во полициската станица Бор поради полициска бруталност.
Тој е приведен поради сомнение дека му помогнал на Драгијевиќ да го сокрие телото на детето, а иако српската полиција тврдеше дека починал од природна смрт, обдукцијата покажала дека смртта била насилна. Се уште никој не е уапсен во врска со неговата смрт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа