Тoшковски од Минхен: Безбедноста е темел на стабилна држава, во услови на нови глобални закани мора да бидеме активен учесник во меѓународниот дијалог
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е дел од делегацијата на Минхенската безбедносна конференција - најзначајниот глобален форум за безбедносни прашања, која е предводена од премиерот Христијан Мицкоски, соопшти МВР.
-Безбедноста е темел на стабилна држава! Во услови на нови глобални закани, Македонија мора да биде активен учесник во меѓународниот дијалог. Нашата улога во НАТО, регионалната стабилност и борбата против транснационалниот организирани криминал се клучни не само за нас, туку и за европскиот безбедносен систем. Силна Македонија на меѓународната сцена! Нашето присуство тука покажува дека Македонија не е само набљудувач, туку активен учесник, држава со визија и јасни позиции. Се бориме за заслуженото место во Европа и за безбедна, стабилна и перспективна иднина за сите граѓани, објави Тошковски на Фејсбук.
На маргините на конференцијата македонската делегација остварила билатерална средба со хрватската делегација предводена од премиерот Андреј Пленковиќ, на која се разговарало за заедничките предизвици, европските интеграции и продлабочувањето на меѓусебната соработка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа