Тешка сообраќајка во Албанија – македонски камионџија удрил во „мерцедес“

 

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Албанија во близина преминот Ќафасан, нешто по полноќ.

„Несреќата се случила на патниот правец Прењас-Либражд, кај местото викано Пишкаш околу 00:10 часот, кога се судриле патничко моторно возило “мерцедес” и камион со скопски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин“, објавија албанските медиуми.

Како последица на несреќата животот го загубила сопатничката во автомобилот, а тешко е повреден Зеф Синани (34), кој управувал со автомобилот. Повредениот прво бил пренесен во болницата во Либражд, а потоа во регионалната болница во Елбасан.

Причина за несреќата најверојатно е  движењето на возилата со брзина поголема од дозволената. 

15.02.2025 - 10:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега