Нови детали за несреќата во Албанија во која загина жена, а учествуваше македонски камионџија

 

Тешка сообраќајка во која учествувал македонски државјанин се случила на магистралниот патен правец Прењас-Либражд.

Според информациите на албанските медиуми,  до несреќата дошло околу полноќ, а учествувале автомобил и камион.

„Возилото управувано од 34-годишен маж се судрило со камионот управуван од државјанин од Северна Македонија“, известува „Топ ченал“.

Во несреќата животот го загубила сопатничката, а возачот на автомобилот е тешко повреден. Повредениот првично бил пренесен во болницата во Либражд, а потоа во регионалната болница во Елбасан.

Се сомнева дека причина за несреќата е движењето на возилата со брзина над дозволената брзина на остра кривина во Пишкаш, додека се прибираат докази за инцидентот за да се утврдат причините кои довеле до несреќата.

 

15.02.2025 - 10:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега