Агелер на закројување лозје
Американската амбасадорка Анџела Агелер, како и министрите за земјоделство Цветан Трипуновски и за култура и туризам Зоран Љутков, денеска присуствуваа на закројувањето винова лоза во Кавадарци, во рамките на прославата на празникот Свети Трифун, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.
Амбасадорката Агелер денеска посети неколку винарии низ земјата за да ја одбележи традицијата на лозарството и да ја нагласи важноста на винската индустрија за економијата на Македонија. Среќен празник Свети Трифун!, соопштија од американската амбасада.
14.02.2025 - 19:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа