Сестрата на Фросина се огласи пред утрешниот собир: Ова е протест на народот, тагата, револтот и на желбата да се остане тука

 

Денес официјално се приклучив кон иницијативата “Кој е следен” како претставник на целото наше семејство и гласноговорник за Фросина. Да нема забуни, манипулации и политизирање! Нешто што ние од првиот ден го бараме, вели Росица Кулакова, сестра на преранозагинатата Фросина.

Ова е граѓански протест, протест на народот, протест на тагата, на револтот и на желбата да се остане тука, вели таа и објасни каде и зошто утре ќе поминат луѓето кои протестираат.

Нејзиното соопштение кое го доби редакцијата на КУРИР, прочитајте го во продолжение:

16.30ч пред Универзална Сала.

Симболично тргнуваме од овде. Местото каде што заврши сонот на Фосина. Местото каде што се прели чашата со крв. Местото каде што оваа иницијатива започна. Да и оддадеме почит на Фросина но и на сите жртви на корумпираниот и трул систем.

 

17.00ч пред Влада ( извршна власт)

Ние како семејство јавно се заблагодаривме и сме благодарни на досегашната поддршка од Владата.
Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата “Кој е следен” и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта туку и од опозицијата!

17.45ч пред Собрание (законодавна власт)

Бараме да се вклучат во промената на законите и Парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат.

18.30ч пред Апелационен Суд (судска власт)

Бараме да се свестат дека гнојот во општеството доаѓа од овде! Бараме да сфатат дека и тие се дел од народот! Бараме чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив, а веруваме дека не сите судии и обвинители се исти!

Ве повикуваме сите да ни се приклучите во оваа борба за подобро утре! Сите сме Фросина!!! Секој еден може да е следен

Се гледаме утре пред Универзална во 16.30!
ПРАВДА ЗА ФРОСИНА

15.02.2025 - 16:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега