По тешката повреда: Милош Биковиќ имал две операции во Русија
Актерот Милош Биковиќ бил опериран поради тешката повреда со која се здоби на крајот на минатата година.
Повреден е во Русија, каде со години работи на успешни филмски проекти.
-Биковиќ го повреди коленото. Повредата беше комплексна, се случи на крајот на декември. Имаше две тешки операции, едната веднаш по повредата, другата пред две недели, открил за „Блиц“ извор близок до актерот.
Тој беше опериран во Русија, каде беше повреден на снимањето.
-Закрепнувањето се уште е во тек и веројатно ќе потрае уште еден месец или два, додаде изворот.
Милош се чувствува добро, моментално е во Белград.
-Најблиските се со него, а штом се опорави ќе продолжи со снимање во Москва, заклучил изворот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа