Антикорупциска ги објави сите казнети функционери - Груби треба да плати 200 евра

 

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ги објави имињата на сите функцинери кои се казнети по разни основи во 2025 година.

Најчеста причина за казните е недоставување на барани информации. Таков е случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство. Груби е казнет со 200 евра.

Многумина од казнетите не поднеле изјава за имотна состојба и интереси, а дел се казнети за двојна функција или судир на интереси. Има казнети функционери за злоупотреба на функција, како и за непочитување на обврската за изземање. Казните се движат од 200 до 500 евра, со најчеста глоба од 300 евра. Вкупниот износ на казните е околу 28.000 евра.

Меѓу казнетите се: Фатмир Меџити како министер за здравство, Талат Џафери како премиер и истовремено пратеник, Борислав Крмов како пратеник, Арбер Адеми како  пратеник, Иванка Василева како пратеничка и Изет Меџити како пратеник.

26.02.2025 - 14:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега